еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија со декларација пред Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ кажа дека нема македонски јазик

Бугарија со нова декларација, пред денешната Прва меѓувладина конференција меѓу Македонија и Европската Унија (ЕУ) укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање од Република Бугарија на „македонскиот јазик“.

Во декларацијата за македонскиот јазик се наведува дека:

„Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик.

Создавањето на ‘македонскиот јазик’ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (рекодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со локални форми, со што се симулираше ‘природен’ процес заснован на дијалектна форма“.

Бугарија оваа декларација ја претстави на состанокот на постојаните претставници во Брисел при гласањето за преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Документот ќе го земе предвид Советот на ЕУ и ќе се земе предвид бугарската позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија се заблагодари на европските партнери кои покажале разбирање на бугарската позиција и примена на декларираните принципи во пракса

Лилјана Поповска: Протоколот со Бугарија е отров!

Бранимир Јовановиќ: Протоколот е трагедија за Македонија и срамота за Бугарија и ЕУ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предложениот закон за една изборна единица сè уште се наоѓа во фиоката на Џафери, вели Милошоски

Редакција

(Галерија) Како изгледа ресторанот “Концепт“, кој доби награда “Фуд вижн“ на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Редакција

Европска комисија работи на шести пакет на санкции против Русија

Редакција