Сакам да кажам објави дека минатата година Европскиот суд за човекови права во Стразбур донел 27 пресуди за Бугарија, од кои кај 25 било утврдено прекршување на човековите права, со што Бугарија е во топ 10 најосудувани држави пред овој суд за 2022 година.
Дополнително, против Бугарија има 539 жалби за кои што процесот е во тек.
Според статистиката за 2022 година на судот во Стразбур, за Македонија биле донесени шест пресуди, од кои што кај четири било утврдено прекршување на човековите права.
Меѓу десетте најосудувани држави се уште Русија, Украина, Турција, Романија, Молдавија, Полска, Унгарија, Хрватска и Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски од Стразбур: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците
Фото: Википедија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.