Телевизијата Сител објави дека бугарската „Балкан Јутилитис“, која ќе ја снабдува Македонија со гас е микрокомпанија која лани работела со загуба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕСМ Продажба ќе набавува гас за топланите и другите потрошувачи од бугарската фирма Balkan Utilities
Според телевизијата „Балкан Јутилитис“ е регистрирана во 2003 година под дејсноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“, а во мај 2008 година станала акционерско друштво.
На 15 септември годинава добила 10-годишна лиценца за „трговија со природен гас“, а во решението на бугарската Регулаторна комисија се вели дека е микропретпријатие, а според податоците на фирмата не и одело баш најдобро во последните три години, објави телевизијата.
Директор на „Балкан Јутилитис“ е Максим Жеков Димов, бизнисмен кој бил и пратеник во 37 Народното собрание од 1995 до 1997 година и дел од пратеничката група на ДПС.
Според податоците на бугарскиот Централен регистар, Димов се поврзува со дури 22 компании, главно од енергетскиот сектор. Во најголем дел во Советот на директори, но и како управител, содружник и дел од управен или надзорен совет, објави телевизијата.
Реномирани истражувачки медиуми од Бугарија го опишуваат какако контrоверзeн бизнисмен, објави Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада