Контроверзната бугарска фондација “Македонија“ по неколкуте неуспешни обиди, купила македонски фудбалски тим, тврди претседателот на фондацијата Виктор Стојанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е бугарската фондација „Македонија“ која најави отварање на нови онлајн медиуми во Македонија
Тој за А1он вели дека се работи за тим од третата македонска лига, односно Трета лига Исток, а седиштето на клубот било близу бугарската граница. Името на клубот ќе го соопштиле во септември.
– Да, веќе имаме тим! Не го кажувам името на тимот, но тој е од трета лига исток. Причина за ова е лиценцирањето на тимот и правното преземање на клубот. Не сакам да ни смислат нешто и да го избркаат од Трета лига и нашите напори да пропаднат. Не дека и после тоа не можат, но ќе биде многу тешко и скандалозно.
Следната недела во клубот ќе има наш претставник кој ќе биде директор, а досегашниот директор ќе стане заменик директор. Работите и чисто законски доцнат, бидејќи екипата е регистрирана како здружение, а не како компанија, но за Втората лига ќе треба да ја регистрираме како фирма, вели Стојанов за А1он.
За оваа сезона името на клубот ќе му останело исто, но за следната, фондацијата планира да го преименува во „Јунак“.
Според Стојанов, тимот ќе се финансира со донациите на активистите на фондацијата „Македонија“, а годишниот буџет за плати во Трета лига е предвиден да биде 15.000 евра без котизацијата за учество која чини 1.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ