еМагазин
Image default
Македонија

Бугарскиот амбасадор Ангелов: Тешко е да се препознае напредок во бугарско-македонските односи

Соседските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија одбележаа невиден напредок по потпишувањето на Договорот за добрососедство и имаше низа заеднички настани на лидерите од двете земји. Но, две години подоцна тешко е да се препознае напредок, а на негово место настана недоверба, напади и штетни дејствија, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во емисијата „Бугарија наутро“ на ТВ „Бугарија он ер“ (Bulgaria On Air).

-Главниот проблем е дека договорот меѓу нашите држави создаде рамка, дека нештата ќе се променат и ќе почнеме да се движиме по нов пат. Но, за жал, кон Бугарија досега не видовме таква голема желба за соработка, рече Ангелов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот амбасадор, преголемите емоции ја прават нивната работа посложена и оти треба да се мисли попрагматично.

-Сите инструменти треба да се применуваат заедно – од историјата до економијата. Тоа е пристапот што е најправилен, истакна тој.

Оценува дека Бугарија покажала добра волја во однос на Северна Македонија во изминатите години, но нивната земја, како што рече, има своја национална позиција, усвоена со консензус од Националното собрание.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени синовите на Мијалкови, во група од неколкумина претепале момче во скопски кафе бар

Редакција

Убава вест: Оздравени 774 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз”

Редакција