еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ беше отворен за да биде оштетен

Како и првиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола и вториот “Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен за да некој го оштети и Македонија да се престави како земја во која не се почитуваат права на малцинства, иако баш од неа многу земји членки на Европската Унија можат да научат како на терен изгледа кога на сите можни малцинства им се почитуваат правата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Таблата на „Цар Борис Трети“ целосно искршена, од бугарскиот клуб објавија фотографии

Не случајно се избрани имињата на овие демек културни центри, чија основна задача по се изгледа е да се шири омраза меѓу двата соседи. Доволно е само да се разгледа што се овие два бугарски клубови споделуваат на социјалните мрежи.

Срамота за македонските институции кои дозволија ова да ни се случи, и сега откако се случи да се “вадат“ на законски решенија, демек никој од надлежните неможел да алармира за тоа на време.

Па дека скроз сме забегале како земја по овие прашања да реагираат и меѓународни институти и центри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот центар „Симон Визентал“ со подршка на предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за забрана на клубови кои во Македонија промовираат нацизам или фашизам

Клубовите кои ги помагаат финансиски приватни финансиери, но и бугарската држава, без мака си ја спроведуваат агендата на нашиот непријателски источен сосед, дека Македонци нема, нема македонски јазик, ама има и Бугари во Албанија, но не и Македонци во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Негаторски цитат за Македонците виси на ѕидот во културниот центар “Ванчо Михајлов“

Многу е просто, ако Бугарија навистина не сака во ЕУ и не признава такви какви што сме немаше да отвара клубови кои ќе ги носат имињата на Ванчо Михајлов и Цар Борис, за кои сите знаеме каква историската штета направиле за Македонија и македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

Намалување од 35%: Минатата недела 26 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Сите детали: Награден фонд од 500.000 евра за МојДДВ#МојаНаграда

Редакција