Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи, е објавено на Твитер од Министерството за надворешни работи на Македонија.
Претходно, од Министерството за надворешни работи на Бугарија на Твитер упатија честитки до граѓаните на Македонија по повод државниот празник – 2 Август.
– Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот Национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи, се наведува во честитката од бугарското МНР.
МИА/Фото: МИА