еМагазин
Image default
Македонија

14 новозаболени од Ковид-19 во Куманово и едно лице во Липково

Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 15 новозаболени лица од Ковид 19, од кои 14 се од градот, еден е од општина Липково, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 31 пациент од Куманово.

– Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени од семејства и од колеги, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, Ариф Љатифи.

Денеска се извршени 23 тестирања од кои 20 по „Мој Термин“ и три тестирања се извршени согласно епидемиолошка индикација.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.498, а во моментов активни се 300 случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 145 заболени од Ковид-19 од 1.772 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Починаа двајца заболени од Ковид-19, вкупно до сега 606

Убава вест: Оздравени 216 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Гостивар

Детален преглед по скопските општини: Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на Обвинителството

Редакција

Лица кои учествувале на литијата во Струга имале белодробен наод кој одговара на Ковид-19

Редакција

Палмер: Спорот со Бугарија да се решава билатерално, надвор од ЕУ и НАТО

Редакција