еМагазин
Image default
Македонија

Царовска без конкретен одговор дали ставот на Ахмети ќе влијае на односите во коалицијата

Сите наоди во врска со непрефрлувањето средства во Вториот пензиски фонд се предадени во Основното јавно обвинителство. Согласно Кривичниот законик, сите што водат државни институции, органи на управата и јавни претпријатија имаат обврска, се што ќе идентификуваат како недостаток да го достават до другите надлежни институции, а тоа во случајов не е Министерството за труд и социјална политика.

Вака министерката за труд Мила Царовска денеска одговори на новинарско прашање во врска со ставот на лидерот на ДУИ Али Ахмети по обелоденувањето на случајот со Вториот пензиски фонд.

-Повторувам дека Министерството за труд е орган на државната управа и управува со елементите поврзани со социјална заштита, пензиски систем и детска заштита. Во таа насока, за да се направи пензиската реформа, се направија детални анализи и се утврдија недостатоците во системот.

Се она што се виде и се утврди како заостанување и недостаток на одредени финансиски средства кои не биле префрлувани кај граѓаните во Вториот столб, го направивме како законска измена и ги обесштетуваме граѓаните.

За сите други елементи ќе ве упатам во Основното јавно обвинителство каде се предадени сите пронајдени елемнти, напомена Царовска на прашањето „дали меѓу СДСМ и ДУИ постои проблем што граѓаните не го знаат и дали „оваа војна“ меѓу неа и Ахмети ќе влијае врз односите на двете партии.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се тресеше гората, се изродија партиски кандидати за претседател: Има ли раскол меѓу СДСМ и ДУИ?

ДУИ ќе ги тужат сите политичари, политички партии и медиуми, ако за 24 часа не се извинат за „лажните вести“ за ПИОМ

Кој е „непознатиот сторител“ за пензискиот скандал во ПИОМ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Навивачите се посебен свет, да не се доведуваат во корелација односите меѓу двете држави, вели Османи

Редакција

(Фото) Осудените лица од затвор Кшање помагаат во дистрибуција на боци со кислород за ковид заболените од кумановската болница

Редакција

Заев не слушнал за новите „бомби“

Редакција