Од Владата информираат дека премиерот Димитар Ковачевски го доставил до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија.
За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога.
За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити.
За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу.
За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е Каја Шукова.
За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е Тирон Јајага.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е Викторија Аврамовска-Мадиќ.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е Вјолца Бериша.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е Маја Манолева.
За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е Агим Нихиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Агим Нухиу, кандидатот за нов заменик министер за образование и наука
Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање