Цените на бензините, дизелот и екстралесното масло остануваат исти, а од полноќ за 1,611 отсто ќе биде зголемена цената на Мазутот М-1 НС, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 денари за литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 денари за килограм и од полноќ ќе изнесува 26,121 денари по килограм.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.