еМагазин
Image default
Бизнис

Цените на производителите на индустриски производи во април зголемени за 1,6%

Продажните цени на производителите на индустриски производи во април годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно и за 1,6 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,6 отсто.

Во споредба со април 2022 година, продажните цени се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,8  отсто, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1,6 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 17,1  отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, пак, се пониски  за 0,1  отсто на месечни и за 1,1 отсто на годишно ниво.

Во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија остануваат непроменети.

Во споредба со април 2022 година се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штетата од пожарите огромна: Изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса

Редакција

Унгарската групација 4iG основа компанија во Македонија

Редакција

Здравко Трајанов нов в.д. директор на „Национални шуми“

Редакција