еМагазин
Image default
Македонија

Четири новозаболени од Ковид-19 во Куманово, еден во Липково

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира пет новозаболени лица од Ковид-19, четири од Куманово и еден пациент од Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Министерството за здравство соопшти дека 68 годишна пациентка починала во амбуланта на Инфективната клиника.

– Сите новозаразени веќе имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска се направени 65 тестирања од кои по 17 по „Мој термин“ и 48 епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.379, а во моментов активни се 340 случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина новозаболени од коронавирусот во Тиквешко

Само Чаир, Гази Баба и Аеродром со по над 100 активни случаи на Ковид-19

Четири пациенти починаа од Ковид-19

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По оставката на Црвенковска, Судскиот совет в понеделник ќе избира нов претседател

Редакција

Решението со Бугарија е близу, оцени во Скопје шефот на австриската дипломатија, Шаленберг

Редакција

Од иста фамилија од Чаир, 9 новозаразени со корона вирусот во Скопје

Редакција