еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Црна Гора е туристичка дестинација за сечиј џеб: Еве какви ќе бидат цените летово

Цените на туристичките услуги во Црна Гора се задржани на ланско ниво, вели претседателката на Националната туристичка организација на Црна Гора, Лилјана Цукиќ.

„Цените се за туристи со различна платежна моќ и е прилагодена за сите туристи. Има различни понуди прилагодени за сечиј џеб, од приватно сместување, апартмани до најлуксузни хотели.

Црна Гора беше прва од државите кои ги укина ковид-сертификатите уште во март, па се надеваме дека туристите ќе уживаат во понудата, чиј што квалитет годинава е подобрен. Квалитетот на понудата на сместувачките капацитети е на повисоко ниво,“ изјави Цукиќ на промоцијата на Црна Гора како туристичка дестинација во Скопје.

Цените во приватно сместување се движат од 7 до 15 евра по човек, и од 30 до 60 евра за апартман во зависност од категоријата.

„Има зголемен број на категоризирани приватни сместувачки објекти, и тоа влијае во формирањето на цената. Многу е важно, гостите да се чувствуваат пријатно како во хотел,“ вели Цукиќ.

Весна Поповиќ од групацијата на хотели „Монтенегро старс“, во која е и еден од најлуксузните хотели во Црна Гора, „Сплендид“, вели дека во нашиот регион се уште нема навика за ран букинг, кој е ценовно поволен.

„Ние од 1 октомври, пуштаме резервации за ран букинг кој е и до 30 проценти поевтин за сезона. Од 1 мај, веќе нема ран букинг. Сплендид работи 365 дена и имаме гости од Македонија кои редовно ни доаѓаат,“  вели Поповиќ која ја потенцираше добрата соработка со македонските туристички агенции.

Традиционално, Црна Гора ја посетуваат до 40.000 македонски туристи, бројка која црногорските туристички работници, сакаат да се зголеми.

Годинава, освен на гостите од регионот, црногорските туристички работници акцент ставаат и на туристи од трети земји, како Саудиска Арабија, Казахстан, Израел, Турција.

Црногорците се надеваат и на туристи од Европа, има зголемен број на летови од Франција и Германија, а го очекуваат и враќањето на чешките туристи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што да посетите кога сте во Црна Гора: Дива и неоткриена убавина, далеку од гужвите на плажите на море

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најлоша варијанта досега: Во Јужна Африка откриен нов опасен сој на Ковид-19, СЗО свика итен состанок

Редакција

(Галерија) Кафана Лантерн, во срцето на Дебар Mаало во ново рувo

Редакција

Сите детали: 17 лица од новозаболените имале контакт со постоечки случаи, а 3 неодамна патувале

Редакција