еМагазин
Image default
Балкан

Црна Гора итно бара лекари од земјите во ЕУ и НАТО, здравствениот систем е пред колапс

Црна Гора побара од Европската унија и НАТО итна помош во здравствените работници, кои ќе им помогнат во борбата против коронавирусот, бидејќи, како што рече црногорскиот министер за надворешни работи, Ѓорѓе Радуловиќ, нивниот здравствен систем е пред колапс.

Во писмо до колегите во земјите-членки на ЕУ, Радуловиќ побара, доколку се во можност, итно да испратат лекари, техничари и друг медицински персонал во Црна Гора, пишува „Побједа“ од Подгорица.

Според весникот, Владата не ја известила црногорската јавност за овој апел до Европската унија.

Поддршката се бара во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со цел да се стави под контрола епидемијата во Црна Гора.

МИА/Фото: Photo by National Cancer Institute on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Тепачка за Косово во српското Собрание

Редакција

Србија ќе почне со производство на руската вакцина „Спутник V“ до крајот на годината

Редакција

„Благодариме Србија што ни ги спасуваш животите“: Српските медиуми за масовната вакцинација против Ковид-19 на регионов

Редакција