еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Црна Гора воведува карантин во три града поради Ковид-19

Црна Гора воведува карантин во градовите Никшиќ, Беране и Андријевица, од утре па сè до 12 октомври.

Забрането ќе биде напуштањето на станбените згради од 22 до 5 часот, а забранета ќе биде и работата на угостителските објекти, како и домашните посети.

Одлуката е донесена врз основа на новата методологија на црногорскиот Институт за јавно здравје.

Имено, оттаму вчера го објавија списокот на кумулативна инциденца на Ковид-19 за локалните самоуправи од 12 до 25 септември, врз основа на што ќе се применуваат нови мерки на Националното координативно тело од понеделник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо Врањске: Граѓани на Врање им продавале вакцини на Македонци за 40 евра по доза

Редакција

Водата во Охридското Езеро е чиста и исправна за капење

Редакција

Вкупно 2.785: Од Ковид-19 починаа 6 лица

Редакција