еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Црнчуго“: Дете кое живее во Скопје физички било нападнато на расна основа

Милена А. Милошевска на нејзиниот фејсбук-профил раскажа случка во која, нејзините деца кои се од црна раса, расистички биле нападнати на плоштадот Македонија во Скопје.

„Син ми Нишон (13) и неговите брат и сестра (9) одејќи кон музичкото училиште, на плоштадот Македонија во родниот ни наш град Скопје, биле нападнати вербално на расна основа од страна на двајца млади мажи околу 20 години.

Им го попречувале патот и ги нарекувале „Niggers”. Син ми, Нишон е удрен со многу силна тупаница по главата (повреден) поради тоа што ги прашал дечките зошто ги навредуваат и дали тоа го прават на секој поразличен физички од нив. Имало луѓе наоколу, но никој ништо не сторил во моментот…

Дечките избегале, јас како мајка случајот, потоа, го пријавив во полиција и им ветувам на моите деца, дека јас како нивен протектор, овде дома во РСМ нема да дозволам повеќе да бидат/бидеме вербално и физички напаѓани без никаква основа, а никако па на расна основа…

Значи навреди како: “Nigger”,”Црнчуго”, Циган”, Црн ко гомно” не се ЗАБАВНИ и нема да пројдат онака…

П. С.

„Јас имам предрасуди кон оние кои се полни со предрасуди“, напиша Милошевска.

Срамота е во 21 век, децата да имаат предрасуди врз основа на бојата на кожата. Разговарајте со нив за различните од себе.

фото: Фејсбук-профил на Милошевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во чест на Мирко Попов, промоција на винил издание – Поп култура

Редакција

За три дена на граничните премини и на аеродромите ќе има табли со Република Северна Македонија

Редакција

Армијата се повлекува од јужната и северната граница, оти Собранието поради блокадата не ја продолжи кризната состојба

Редакција