еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Даниловски објаснува за можноста за повторно заразување со Ковид-19 по вакцинирање или прележување

Вкупно 870 лица се заразиле по втор пат, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени лица (212.375), соопштува во последниот извештај Институтот за јавно здравје.

Агенцијата Мета разговараше со проф. д-р Драган Даниловски околу појавата на реинфекциите како и за ефикасноста од вакцините.

– Што значи бројката од 870 граѓани заразени по втор пат? Тоа значи дека вакцините не штитат стопроцентно од заразување. Со тек на време, нивото на заштита од зараза опаѓа.

Сепак, нивото на заштита од хоспитализација и смрт се одржува релативно високо, на ниво од околу 80 проценти, вели Даниловски.

За разлика од вакцините, кај оние што прележале и развиле антитела (затоа што има и такви кои не развиваат), заштитата од заразување трае подолго, од 6 до 12 месеци.

Според него, „бустер“ доза треба да се прими во оптимален момент и после бустерот (третата доза) организмот веќе ќе поседува солидна одбрана, со која ќе може супериорно да му излезе на мегдан на вирусот.

– Се разбира, за позрасните и оние со хронични болести може да биде ризично да се заразат со вирусот. Побезбедно би им било периодично (сезонско) примање вакцина – апсолутно аналогно како кај сезонскиот грип, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Д-р Петличковски објаснува колкав е ризикот од реинфекција по прележан Ковид-19

Седум починале: Вкупно 870 лица во Македонија по втор пат заболеле од Ковид-19

Прележаните само на почетокот се имуни на Ковид-19, вели Д-р Петличковски

Д-р Олумчев објаснува кој имунитет е подобар, природниот со прележан ковид или тој со вакцина

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и топло и во наредните денови, повремено со пороен дожд и грмежи

Редакција

Ми се закануваат дека ќе ме убијат: Тетовчанец тврди дека во тетовскиот ковид-центар му барале пари за нега на брат му

Редакција

(Фото) Разрешната министерка Мизрахи објави фотографија со ќерка и: „Срцето ни е во Македонија“

Редакција