еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Драган Ѓорѓиевски: Омикрон често ги напаѓа очите

Лекарите велат дека честа цел на омикронот е окото. Конјуктивата е тенка мукозна мембрана која го покрива внатрешниот дел на очните капаци и склерата (белката на окото), а воспалението на конјуктивата се нарекува конјуктивитис.

– Имав пациентка со конјуктивитис баш на почетокот од јануари. Меѓутоа, таков пациент ми се појави и на крајот од октомври, кога доминтатен беше делта-сојот. Е сега, дали омикронот циркулирал тука и многу порано од што мислевме, не можам да кажам со сигурност.

Она што е важно е дека ковид-пациентот мора да се прегледа затоа што тој не може сè да забележи сам. Кога влезе пациентката со конјуктивитис, јас веднаш забележав дека има црвенило на очите. Кога ја прашав дали ја чешаат, ми потврди.

Во вакви случаи веднаш се препишува соодветна терапија, за очите најчесто даваме капки. Ковидот навлегува преку респираторните патишта, меѓутоа не знаеме во кои органи може да засегне, кај некои се белите дробови, кај некои бубрезите, има случаи во кои драстично слабее слухот, а кај некои ги напаѓа очите, вели за Нова Македонија д-р Драган Ѓорѓиевски, специјалист по семејна медицина.

Експертите посочуваат дека омикронот има поголем капацитет да навлезе преку очите, во споредба со другите варијанти. Поради тоа луѓето мора да ги заштитат очите со тоа што ќе одржуваат посебна хигена во тоа подрачје.

Најчести знаци и симптоми на вирусен конјунктивитис се чешање на очите, солзење, црвенило, секрет од очите и пречувствителност на светлина.

Доколку окото е црвено, чувствувате болка или чешање, потребно е внимателно да се исчисти со стерилна газа потопена во оладена, претходно стерилизирана вода, додека докторот не препише соодветна терапија, пишува Нова Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Атипична силна главоболка, гребење во грло“: Д-р Беќаровски ги објаснува симптомите на омикрон

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со ниски утрински температури

Редакција

Апел: На пеколните горештини, обезбедете достапна вода за животните!

Редакција

Опфатот на вакцинација со МРП во целата држава изнесува 98%

Редакција