Доктор Александар Стојанов, кој долги години беше директор на Центарот за јавно здравје-Скопје, за весникот Вечер изјави дека очекува годинава вакцинацијата за сезонски грип да стартува навреме, во средината на октомври, а не како лани во средината на ноември.
-Може да се вакцинира во едната рака со трета доза на вакцина за Ковид-19, а во другата рака да примите вакцина за заштита од грип и нема да има никаков проблем.
Ако во истиот ден не се примат двете вакцини, ќе треба да се чека еден месец, за да може да се вакцинирате со другата, вели д-р Стојанов.
Тој препорачува дека имунизацијата треба да се направи што поскоро за да стекнете имун одговор, оти за тоа на помладите им е потребно две недели, а на постарите три до четири недели.
Имунизацијата, според него е единственото решение да се биде спремен кога ќе почнат инфекциите да може да е подготвен организмот за сезонската инфлуенца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Вечер