еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да ја покажеме нашата хуманост и да донираме за Татјана Андева

Татјана Aндева боледува од многу ретка автоимуна болест (заболување на моторниот неврон и тотална атрофија на мускулите), која за 8 месеци, ја става во количка со неиздржливи болки.

„Нашите доктори се откажаа од неа и единствен начин за подобрување на нејзината состојба е третман со матични клетки. Да не се откажеме и ние и да бидеме помош и поддршка за да може Татјана на 25 мај да замине на лекување во странство на третман со матични клетки во Индија и со неуророботичка рехабилитација.

Семејството веќе е финансиски исцрпено, бидејќи еден третман на матични клетки веќе е спроведен и покажало позитивни ефекти, се надева на вашата помош и поддршка да може да заминат на уште еден третман. Потребни се 20.000 долари сума која доколку ја покажеме нашата хуманост нема да е недостижна.

Нашите 100 денари за Татјана можат да значат живот на нозе, нормален живот каков што заслужува секој човек,“ се вели во апелот.

Можете да донирате на:

Телеком 143 177

Жиро сметка

НЛБ 210700000685159  Татјана Андева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едногодишниот Јаков Ампов има редок вид на леукемија, потребни се средства за трансплантација во Турција

Редакција

Стефан: Потребни ми се уште 12.000 евра да заминам на операција во Русија

Редакција

Можеме да собереме 15.000 евра за тригодишниот Илин, кој го чека трета операција

Редакција