еМагазин
Image default
Да помогнеме

Еве на кои локации утре ќе можете да донирате храна за донаторската акција „Нахрани 10.000“

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Здружението „Сите сити“ во Црвен Крст на Република Македонија е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани.

Целта е на граѓаните да им се даде можност да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Хуманитарниот чин ќе се случи на 16 април по повод „Неделата на солидарноста“ и ќе започне во 10 часот и ќе трае до 18 часот. Акциите ќе се случуваат на 29 локации во 10 града во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија.

„Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук“, се вели во соопштението.

Локации и граѓански организации:

-Skopje City Mall – Red Cross Skopje

-Тинекс Зебра (Општина Центар)- Здружение ХОПС – Опции за здрав живот

-Гиго маркет – Драчево- Св. Спас – Драчево

-Веро Тафталиџе- Св. Спас – Драчево

-Гиго маркет – Радишани – Св. Спас – Драчево

-Тинекс на бул. Борис Трајковски (Првомајска) во Скопје- Св. Спас – Драчево

-Веро Џамбо- Св. Спас – Драчево

-Тинекс во Ново Лисиче- АДРА Македонија

-Кит-го Автокоманда- Кризен Центар Надеж

-Тинекс (кај Драмскиот театар Скопје)- Организација на жени- Скопје

-Тинекс Карпош 3- Љубезност

-Веро 2 Педагошка- Љубезност

-Капитол мол-„Подади рака за хуманост, Асоцијација за права на деца и младинци со
посебни потреби – ЛАСТОВИЦА”

Тинекс во Ченто-СОС Детско село

-Тинекс на ул. АСНОМ б.б. (Битола) “Организација на жени- Битола, Црвен Крст Битола, „Утешител“- Битола

-Тинекс на ул. Захарија Шумљанска 5 “-Организација на жени- Битола, Црвен Крст Битола, „Утешител“- Битола”

-Тинекс (центар)- Црвен крст Куманово

-Елида маркет (кај Стопанска банка)- Црвен Крст Куманово

-Кај споменикот на Марко Цепенков во Прилеп- Црвен Крст Прилеп, Здружение на телесни инвалиди

-Градски плоштад пред супермаркет Тинекс- Здружение Романо Вило – Кочани, Црвен Крст- Кочани

-Месност “Стришани” пред маркет Моневи- Здружение Романо Вило – Кочани, Црвен Крст- Кочани

-Маркет Здравец- Здружение за помош и поддршка на лица со даунов синдром – ВЕРА, Црвен Крст Струмица

-Струмица Бул. Маршал Тито меѓу маркетите Тинекс и Црвена ружа- Здружение за помош и поддршка на лица со даунов синдром – ВЕРА, Црвен Крст Струмица”

-Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“- Црвен Крст Радовиш

-Централ Макпрогрес (кај стариот плоштад) во Виница- Црвен Крст Виница, Здружение Одигитрија Виница

-Пред Жито Маркет во Виница- Здружение Одигитрија Виница, Црвен Крст Виница

-Пред Монтенегро мегамаркет Црвен Крст Гостивар

-Пред ETC маркет во Гостивар- Црвен Крст Гостивар

-Плоштадот во Гевгелија- Црвен Крст Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре ќе се случува донаторска акција на храна „Нахрани 10.000“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни се средства за операција на очите на Горазд Арсовски

Редакција

Потребни се лупи за Давид и Катерина кои имаат оштетен вид

Редакција

Апел за помош: Потребни се само 3.000 евра за младата Менче да ги „фрли“ штаките

Редакција