еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да им помогнеме на медицинските сестри кои работат во ковид центрите со лекови, течности и суплементи

Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри предводена од Здружението „За нас“ соопшти дека почнала кампања за помош на медицинските сестри кои се вклучени во борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Целта, како што посочуваат, е со финансиски средства, лекови, течности и суплементи да им се помогне на оние медицински сестри кои во моментов се соочуваат со борба за своето здравје и здравјето на пациентите.

– Извршниот одбор на Здружението одлучи месечната членарина за овој месец да ја донира за оваа кампања. Со овој мал симболичен придонес, од нас за нас, ќе успееме да помогнеме во одредени сегменти и да обезбедиме барем дел од неопходните суплементи за медицинските сестри.

Кампањата почна во текот на минатата недела и голем дел од општествено одговорните компании веднаш се приклучија.

Според изјавите на дел од медицинските сестри кои работат во ковид центрите неопходно им беше да имаат можност за редовна хидратација. Поради дополнителната заштитна униформа и протоколи за работа во овие топли денови им се потребни течности.

Токму затоа уште еднаш изразуваме голема благодарност до компаниите кои донираат вода и производи од нивниот асортиман, нагласуваат од Здружението.

Тие изразуваат надеж дека овој пример на големи хумани срца ќе го продолжат и останатите компании во земјава со што ќе помогнат за полесно пребродување на кризната состојба во која се наоѓа најголем дел од сестринската професија.

– Од вчерашниот ден во функција е и бројот за донации на T-Mobile 143 141 преку кој сите граѓани кои се во можност може да донираат по 100 денари од повик. Исто така отворена е и специјализирана жиро-сметка за донации (210-0720099401-26, НЛБ Банка) на која сите добронамерници може да донираат средства за помош на медицинските сестри кои се борат против коронавирусот, додаваат од Здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 94 случаи на заболени од корона вирус од 830 тестирања, половината од нив во Скопје

Убава вест: Оздравени 42 пациенти од корона вирусот, од кои 27 од Скопје

Бројката на починати надмина 400: Осум нови пациенти починаа од корона вириусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средствата за лекување на младиот Никола не се собрани, првиот третман во Турција ќе го има на 24 април

Редакција

Дојчинова Андреева: 2019 година сите ја дочекавте во еуфорија, јас ја чекав во тага

Редакција

Да му помогнеме на колегата Саше Димовски повторно да прооди

Редакција