Епидемиологот Драган Даниловски за Фокус ги објаснува симптомите на новиот сој на Ковид-19, омикрон, но и колку брзите тестови може да го регистрираат истиот.
„Симптомите на омикрон не се разликуваат од оние на настинка. Тоа се симптоми на горните дишни патишта (најчесто кашлица, малаксаност, затнатост и течење на носот).
Граѓаните веќе подолго време претежно се тестираат со брзи тестови од аптека. Нивната сензитивност се движи меѓу 30 и 60 проценти за делта. За омикрон е уште пониска. Значи, добиените негативни резултати се во голема мера лажно негативни.
И граѓаните слободно продолжуваат да се движат. Има и такви кои и со позитивни наоди тоа го прават, заради лесните симптоми, а има и такви кои, иако имаат симптоми, не се ни тестираат.
Оттаму, бројот на позитивни ПЦР тестови ни оддалеку не ја отсликуваат вистинската состојба. Настрана фактот што за изработка на еден ПЦР тест потребни се најмалку неколку саата, вели Даниловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најчестите симптоми на омикрон?
Од друга страна, како што објаснува тој, вирусот во горните дишни патишта се размножува 70 пати побрзо, во споредба со делта. Тоа значи дека, на пример, негативен ПЦР добиен на почетокот на денот може да биде лажно негативен резултат, а граѓанинот, заради тоа да смета дека нема ковид и ќе продолжи нормално да се движи.
„Но, веќе до крајот на денот, вирусот се размножил во огромни количини и направен тест вечерта може да биде позитивен. Оттаму, ПЦР практично е неупотреблив за следење во „сегашно време“ на ширењето на омикрон. Од сето изнесено, следи заклучок дека тестирањето веќе нема никаква епидемиолошка смисла!
Затоа, јас предложив тестирање воопшто да не се врши на луѓе без симптоми, па дури и на оние со лесни симптоми! Сега, најмногу има смисла да се тестираат само оние кои ќе бидат хоспитализирани. Другите треба да се пуштат слободно’, вели Даниловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новата варијанта на Ковид-19 забрзано се шири: Омикрон регистриран во 12 градови во Македонија
Фото: МЗ