еМагазин
Image default
Локално

Дефицит на крв од крвна група нулта позитив: Црвениот крст во Кавадарци апелира да се дарува

Дефицит на крв од крвна група нулта позитив има на локално и државно ниво. Од Црвениот крст во Кавадарци апелираат да се дарува крв.

– Дарувајте крв и спасете животи. Ги известуваме сите крводарители од Кавадарци и Росоман со крвна група нулта позитив дека поради дефицит со оваа крвна група на локално и на државно ниво, доколку се чувствуваат здраво и можат да даруваат крв, да го сторат тоа в четврток  во кабинетот за трансфузиологија во Кавадарци после 8 часот, изјави претседателот на Црвениот крст во Кавадарци, Диме Каракулев.

Тој најави уште една крводарителска акција на 29 септември во Домот на културата „Иван Мазов – Климе” во Кавадарци, што ќе трае од 9 до 14 часот.

Притоа потсети дека кавадарчани и росоманци се меѓу најхуманите во државата кога станува збор за доброволни крводарувања, а Општинската организација на Црвениот крст во Кавадарци секогаш го натфрлува годишниот план.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Тепачка и пукање по расправија на Матка

Редакција

Пешак усмртен на патот Тетово – Јажинце, возачот избегал

Редакција

Во земјава има 196 јавни паркиралишта

Редакција