еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска сончево време, со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме.

Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: За време на пандемијата со коронавирусот во Гевгелија склучени 14 бракови

Редакција

Времето денеска умерено до значително облачно, претпладне магла по котлините и речните долини

Редакција

Брзото возење останува доминантна причина за сообраќајните незгоди со фатални последици, велат од РСБСП

Редакција