Делгацијата на Европската унија во категоријата „Европејци на годината“ – Здравствени работници ги предложи Денис Јанкуловски, Кристина Скепаровска и 3Д Принт Медицинска Опрема.
Од таму велат дека тие се номинирани како претставници на сите кои се во првите редови во борбата со вирусот и предизвикуваат восхит со нивната работа.
Наградата „Европeјци на годината“ им оддава признанија на поединци или организации кои дале огромен придонес во својот домен.
„Овие етаблирани лидери доаѓаат од различни средини. Нивните иницијативи трагаат по еколошка правда, го вложуваат своето знаење и труд во секојдневната борба со пандемијата, го креваат гласот на младите и влеваат креативност во време кога уметноста е ограничена,“ велат од Делегацијата на ЕУ.
Во категоријата за Заштита на животната средина за наградата „Европејци на годината“ номинирани се: Гоу Грин, О2 Иницијатива и На Точак|Na Tochak.
„Младите во Европа стануваат сè посветени на борбата против климатските промени. Овие иницијативи со нивната вклученост го креваат гласот кон ова критично прашање, повикувајќи на климатски неутрална иднина, зголемување на климатската свест и ангажман кон зачувување на животната средина,“ велат од Делегацијата.
Гласањето започнува утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македонија на нозе со поддршка за Денис Јанкуловски Космонаутко
(ВИДЕО) “Вакцина“, нов хит на Дац и Александар, во видеото „гостува„ и Денис Јанкуловски Космонаутко
Фото: Фејсбук/Јанкуловски