еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Десетмечното бебе од Македонија поради компликации од Ковид-19 почина во Швајцарија, позитивна на вирусот и баба му во Скопје

Во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион во понеделникот беше транспортирано во Швајцарија каде починало.

Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на Ковид-19, информираа од Министерството за здравство.

Медиумите во Швајцарија пишуваат дека ова е прв смртен случај на дете позитивно на корона вирусот во таа земја.

Тамошните медиуми известуваат дека неговите родители живеат во кантонот Аргау, а случајот го истражуваат тамошните власти.

Бебетот живеело со неговата баба во Скопје, која исто така е позитивна на вирусот.

Тамошните здравствени власти за медиумите изјавија дека се уште не е јасно која е причината за смртта на бебето и потврдуваат дека било позитивно на Ковид-19.

Во Детската болница во Цирих било донесено во тешка состојба и имало тежок менингит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

Кај жена од гостиварско пост мортум откриено присуство на Ковид-19, во изолација десетина лица

Петмина од Чаир, двајца од Сарај и Аеродром: Од кои скопските општини се 22 нови случаи на заразени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж од Демир Капија ќе одговара за потикнување омраза кон ЛГБТИ заедницата

Редакција

Изборите ќе се одложат, дополнително ќе се утврди датум за одржување

Редакција

Во штипскиот ковид центар расте бројот на тешки случаи, од Ковид-19 починаа две лица

Редакција