еМагазин
Image default
Македонија

Деспотовски и Ременски остануваат партиски соработници на Ковачевски

Јавноста имаше можност да види два модела на партиска демократија –  партија каде 500 луѓе бираат претседател и партија каде 50.000 гласаат за претседател отворено и трансперентно, рече кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски по завршувањето на вонредните внатрепартиски избори.

Деспотовски му ја честита победата на Димитар Ковачевски и напомена дека ќе продолжи да придонесува во партијата како обичен член и да го дава својот максимален придонес.

-Не треба да се споредуваме со нашиот политички опонент. Да се обидеме уште повеќе и уште подобро, да бидеме авангарда не само тука, туку и во регионот и пошироко. Се создаде огромна енергија која имаме обврска да ја зачуваме, да ја негуваме и да ја развиваме понатаму.

Концептот 28 постои и продолжува да функционира, порача Деспотовски и додаде дека во кандидатурата не влегол од лична амбиција, туку за да даде придонес.

Победата на Ковачесвки му ја честита и Фросина Ременски.

-Делевме идеја за обединување и за победничко СДСМ, идеи кои може да не направат многу посилни, посамокритични и поуспешни. Концептот 28 ќе го врати СДСМ на победничките шини, во тоа сум убедена, нагласи Ременски и уште еднаш апелира на обединување во партијата.

Таа рече дека ќе му го понуди на новиот претседател својот критички однос зашто само така, како што напомена, СДСМ може да биде посилна и пообјективна во градењето на политиките.

-Мора да седнеме сите на заедника маса за да одиме напред, порача Ременски.

На вонредните внатрепартиски избори се гласаше на 194 избирачки места. Гласале 44.406 членови или 86,5 отсто од активно регистрираните и притоа не биле констатирани никакви неправилности.

Димитар Ковачевски беше избран за претседател на СДСМ со 37.649 гласови од членството, Деспотовски освои 3.319 гласа, а Ременски 2.836 гласа. Неважечки беа 602 ливчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев до Ковачевски: Очекувам посветеност и прогресивно политичко дејствување

Ковачевски: Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда, државата оди напред

Кој е Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ

Ременски незадоволна од излезноста на гласањето за нов лидер на СДСМ

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица

Редакција

Десет имиња ќе разгледуваат вечерва Заев и Ахмети како можен консензуален кандидат за претседател

Редакција

Аеродром, Карпош и Центар со над 300 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед на состојбата по скопските општини

Редакција