еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Какви се резултатите од гласањето по изборни единици?

Државната изборна комисија вечерва ги соопшти конечните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори во кои меѓу другото освоените гласови и пратенички мандати по изборни единици.

Во Изборната единица 1 (ИЕ1), Коалицијата преводена од СДСМ освои 54.578 гласови, односно осум пратенички места, Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ 50.564 гласови – седум мандати, ДУИ 19.672 – две, АА 14.143 – две, Левица 12.124 едно пратеничко место и  ДПА 1.964.

Во Изборна единица 2,  Коалиција СДСМ 47.852, односно седум мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 47.929 – седум пратенички места,  ДУИ 22.078 три, АА 20.783 – три, Левица 5.896 и ДПА 1.821.

Во ИЕ 3 Коалиција СДСМ 66.853 гласови – девет мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71.551,  односно 10 пратенички места,  ДУИ 3.331, АА 992, Левица 6.939 – еден мандат и  ДПА 242 гласови.

Изборна единица 4 – Коалиција СДСМ 77.195 гласови – 10 мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 74.478 10 мандати,  ДУИ 293, АА 213 и Левица 6.836

Во Изборна единица 5, Коалиција СДСМ 56.622 гласови, односно осум пратенички места,  Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159 – осум мандати, ДУИ 21.745 – три мандати, АА 10.716 еден мандат, Левица 4715 и ДПА 781.

Во Изборна единица 6 Коалиција СДСМ 24.229 – четири мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 15.663 – две пратенички места, ДУИ 37.468 – седум мандати, АА 34.450 – шест, Левица 1041 и ДПА 9083 – еден мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15

Вчера паднала и веб-страницата на МВР: ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот

ДИК рачно проверува записници, за седницата за резултати „благовремено ќе известат“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 5,6%: За една недела 38 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на нафтени деривати вреден 1,1 милион евра

Редакција

За што разговараа Г.г. Стефан и рускиот митрополит Антониј

Редакција