Мјузикл за Есма Реџепова, музичкиот проект „Ск 2014“ на Златко Ориѓански и Бени Шаќири, Скопски Џез Фестивал, Макфест… се меѓу добитниците на пари од Министерството за култура по распишаните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области.
На листата од 321 добитник на средства за музичка и музичко-сценска дејност може да се забележат познати фестивали и музички изведувачи од различни области, но и анонимуси.
Најмногу пари од програмата за музичка и музичко-сценска дејност доби 39. Издание на Скопје Џез Фестивал (5 милиони денари), потоа гостиварскиор Парк фестивал (3 милиони денари) и 19. издание на фестивалот ОФФ фест (2,5 милиони денари).
Претседател на комисијата која ги разгледуваше пристигнатите пријави за музичка и музичко-сценска дејност е Јане Бакевски.
Целата листа добитници ТУКА.