еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Министерства и институции кои трошат најмногу пари од буџетот

Најголемите буџетски корисници имаат годишен буџет кој изнесува 88,6% од вкупниот буџет на сите буџетски корисници.

Во периодот јануари – август 2018 година следниве министертва и институции потрошиле најмноги пари од буџетот:

Министерство за финансии – функции на држава каде што биле реализирани расходи од 33.023.000.000 денари, што претставува 84,2% од годишниот буџет.

Најголем дел од расходите или 71,3% отпаѓаат на отплата на главнина, за што во периодот јануари – август 2018 година потрошени се 23.559.000.000 денари, односно 104,7% од средствата планирани за оваа намена во 2018 година.

По однос на каматни плаќања отпаѓаат 17,4% од вкупните расходи, за што се реализирани 5.750.000.000 денари или 66,4% од планираното.

Министерството за труд и социјална политика во периодот јануари – август 2018 година реализираше 28.922.000.000 денари или 66,3% од вкупниот буџет за 2018 година.

Притоа, најголем дел (73,2%) од расходите во овој период се наменети за тековни трансфери до вонбуџетските фондови, за што се потрошени 21.159.000.000 денари или 66,8% од средствата наменети за 2018 година.

Втора најзначајна расходна ставка се социјалните бенефиции, кои учествуваат со 18,9% во вкупните расходи.

Во првите осум месеци од 2018 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) реализираше средства во износ од 6.838.000.000 денари, што претставува 79,3% од планираните средства за тековната година.

Најзначајна расходна ставка претставува субвенции и трансфери (со учество од 93,0%), за што во анализираниот период се извршени 6.359.000.000 денари или 93,8% од планираното.

Во периодот јануари – август 2018 година од страна на Министерството за внатрешни работи реализирани се вкупно 6.832.000.000 денари, што претставува 66,3% од сопствениот буџет за 2018 година.

Најзначајна расходна ставка претставуваат плати и надоместоци со учество од 71,0%, за што се потрошени 4.849.000.000 денари или 66,4% од планираното. Втора најзначајна ставка се стоки и услуги со учество од 15,8%, за што се реализирани 1.077.000.000 денари или 63,5% од годишниот план.

Министерството за здравство во првите осум месеци од годината реализираше буџетски средства во износ од 3.806.000.000 денари, што е 57,2% од вкупниот буџет за 2018 година. Тековните трансфери до вонбуџетските фондови имаат најголемо учество во расходите со 60,0%, за што во периодот јануари – август 2018 година потрошени се 2.283.000.000 денари или 81,8% од средствата наменети за 2018 година.

Стоките и услугите се втора најзначајна ставка со учество од 30,4% во вкупните расходи, а во анализираниот период за оваа намена потрошени се 1.157.000.000 денари, односно 57,8% од вкупно предвидените.

Реализацијата на капиталните расходи (кои учествуваат со 7,8% во вкупните расходи) изнесува 17,1% односно извршени се 297 милиони денари.

Министерството за одбрана во периодот јануари – август 2018 година изврши буџетски средства во износ од 3.580.000.000 денари, што е 55,0% од вкупниот буџет за 2018 година. Платите и надоместоците имаат најголемо учество со 69,0%, за што во првите осум месеци реализирани се 2.470.000.000 денари, што претставува 65,3% од вкупно предвидените средства за тековната година.

Стоките и услугите учествуваат со 21,6% во вкупните расходи, за што во анализираниот период се потрошени 774 милиони денари, односно 45,0% од вкупно предвидените.

За финансирање на дејностите од областа на културата во периодот јануари – август 2018 година извршени се средства во износ од 2.016.000.000 денари, што е 54,2% од вкупниот буџет за 2018 година.

Платите и надоместоците имаат највисоко учество во вкупните расходи со 33,7%, а нивната реализација во првите осум месеци изнесува 64,7%, односно извршени се 680 милиони денари.

Субвенциите и трансферите учествуваат со 33,6%, а за оваа намена реализирани се 677 милиони денари или 55,4% од планираното.

Министерството за образование и наука во периодот јануари – август 2018 година изврши буџетски средства во износ од 14.264.000.000 денари, што е 56,7% од вкупниот буџет за 2018 година.

Најголем дел од расходите (63,2%) претставуваат тековни трансфери до ЕЛС, за што се потрошени 9.010.000.000 денари или 65,3% од вкупно планираните средства.

Плати и надоместоци се втора најзначајна ставка со учество од 15,5%, за што се потрошени 2.216.000.000 денари, односно 63,3% од вкупно предвидените. За стоки и услуги (кои учествуваат со 13,1% во вкупните расходи) реализирани се 1.869.000.000 денари, што претставува 44,7% од вкупно предвидените средства за тековната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски за зголемување на ковид-бројките: Високата стапка на прележаност и вакцинираност, не би требало да дозволат големо избувнување, барем не до есента

Редакција

Повторно дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

Мицкоски бил следен и годинава

Редакција