еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 349 пациенти суспектни и болни од Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 349 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информиаат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 592 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи: Наставата во средните училишта во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга ќе почне онлајн

Редакција

Антикорупциска оформи предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ

Редакција

По барање на Обвинителството замрзнати трите луксузни стана во „Панорама“, кои наводно се чувале за Груевски

Редакција