Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 537 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 72 во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 24 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 58 пациент, во Кочани 17 во Кичево 11, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 12 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 911 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ