Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 93 во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 40 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 51, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.238 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ