На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација, информираат од Министерството за здравство.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 48 оздравени пациенти од Ковид-19
Починаа 4 лица од Ковид-19, најмладиот пациент на 43-годишна возраст
39 нови случаи на Kовид-19 од 817 тестирања
Фото: МЗ