еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 146 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 9 позитивни мајки, 5 деца и 4 мајки суспектни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 60, а во болницата во Штип се 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 295 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродром, Карпош и Центар со најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје

Починаа уште 15 лица од Ковид-19, вкупно 934

247 нови случаи на Ковид-19 од 737 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев им нуди на ВМРО-ДПМНЕ заедно да прават влада

Редакција

И без пропустите оградата на автопатот не би го задржала автобусот, тврди вештак на судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Суд во Солун ослободи македонски државјанин уапсен под сомнение за трговија со дрога

Редакција