Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа пет нови лица заразени од Ковид-19
Нови 183 случаи со Ковид-19 од 1.769 тестирања: Најмногу во Скопје, Прилеп и Тетово
Убава вест: Оздравени 102 пациенти до Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово
Детален преглед на состојбата со активни случаи со Ковид-19 по скопските општини
Фото: МЗ