Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 19 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 63 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се 50 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 216, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рекордни 535 заразени со Ковид-19 од 2.445 тестирања, најмногу во Скопје 277
Починаа шест нови пациенти заболени од Ковид-19
Убава вест: Оздравени 168 заразени со Ковид-19, најмногу во Скопје 68
Фото: МЗ