Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола е хоспитализиран 56 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 88 во ковид – центарот во Гостивар 54, а во Струга 36 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 21, во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар пет позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.197 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид – центрите.
„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, стои во соопштението.
Фото: Министерство за здравство
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија
19.7% од заболените со Ковид-19 без симптоми
Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти, вкупно се лекуваат 497