еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информира Министерството за здравство.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 87 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.

Вкупно 274 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски го осуди чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина

Редакција

Герамитчиески: Набавката за блиндираното возило на МВР копирана од каталогот на „Мерцедес“

Редакција

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, порачува Филипче

Редакција