Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 225 случаи со Ковид-19 од 1.841 тестирања: Најмногу во Скопје дури 120
Починаа уште осум лица од Ковид-19, сите во болнички услови
Убава вест: Оздравени 159 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово, Прилеп и Тетово
Фото: МЗ