еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: Во Скопје од Ковид-19 има 139 заразени основци и 70 средношколци

За 40% е намалена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август, покажува последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје.

Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска.

„Во предучилишната и училишната возраст најмал е бројот на зазарени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9% ковид позитивни.

По дистрибуција по градови, во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшколска возраст.

Во Куманово, има 5 заразени основци, 8 средношколци, 18 од академската популација и 3 деца во претшколска возраст.

Во Штип 2 деца од претшколска возраст се ковид позитивни, 5 основци, 8 средношколци и 3 од академската популација.

По 2 заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и 1 е заразено во Прилеп.

Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по 5 ученици, 6 има во Струмица и Кавадарци, а 8 во Прилеп.

Средношколци позитивни на ковид има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица.

И од академската популација заразени со вирусот се 6  во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен.

Согласно овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот, нема потреба од промена на моделот на настава, сметаат од Комисијата за заразни болести,“ информираат од Министерство за здравство.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев: Постапката на Антикорупциска за „Тополки“ ќе докаже дека се е законски и нема судир на интереси

Редакција

Во велешката болница за 24 часа починаа двајца пациенти од Ковид-19

Редакција

Рускоска: За тројца од поранешниве министри и заменик бараме мерка притвор, а за еден поради здравствени причини куќен притвор

Редакција