еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загинатите во несреќата во Кавадарци биле на 30 и 50-годишна возраст: Детали од Обвинителството

Се испитуваат причините за несреќата во Кавадарци во која загинаа двајца градежници, информираа попладнево од Јавното обвинителство.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот.

Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години.

Во несреќата не се повредени други лица.

Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби, соопштија од Обвинителството.

Оттаму посочија дека со цел утврдување на причините за несреќата, ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Кавадарци: Две лица починаа при пад на кран

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност

Редакција

(Видео+фото) Данела Арсовска стана нов претседател на Нова Алтернатива, на промоцијата и дојде и Зечевиќ

Редакција

Инспектори им „прогледувале низ прсти“ на менувачници кои немале дозвола за работа

Редакција