еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: До 13 часот излезноста 23,81 отсто

До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на попладневната прес-конференција.

Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Третата изборна единица, а најмала во Шестата изборна единица.

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 27,09 отсто, во Втората изборна единица 21,64, во Третата 28,92, во Четврата 27,45, во Петтата 23,11 и во Шестата изборна единица 15,58 отсто.

До ДИК до овој момент, како што информира Шабани, нема пристигнато никаков приговор или најава за нерегуларности.

Најголема излезност во Првата изборна единица има во Карпош – 31,25 отсто и во Аеродром – 30,15 отсто.

Во Втората изборна единица се издвојува Македонски Брод каде излезноста е 35,04 отсто, како и општините Гази Баба – 22,88 отсто и Ѓорче Петров – 28,54 отсто.

Во Третата изборна единица поголема излезност е забележана во Крива Паланка – 41,07 отсто, Пробиштип – 35,29, Пехчево-33,02 и Берово – 32,49 отсто.

Во четворката најголема излезност има во Неготино-33,42 отсто и во Прилеп – 32,47 отсто, додека во петката излезноста е најголема во Вевчани – 39,86, како и во Крушево-37,84 и Битола со 31,19 отсто.

Во Шестата изборна единица се издвојува Тетово со 19,11 отсто и Општина Јегуновце со 17,05 отсто.

На парламентарните избори во 2016 година до 13 часот излезноста била 34,37 отсто, односно гласале 601.230 гласачи, а на претседателските избори лани до 13 часот одзивот бил 20.52 отсто или гласале 369.201 лице со право на глас.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК: Одзивот на гласање до 11:00 часот 15,5 отсто

Едно лице приведено, случаи на агитирање, графити на избирачки места, нудење пари за глас, регистрира МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таравари во Куманово доби подршка од 75 членови на Централното собрание, од вкупно 133

Редакција

Се затвораат и обложувалници, фитнес салите, се забранува одржување семинари, обуки, работилници…

Редакција

Денеска сончево и многу топло, температура до 39 степени

Редакција