еМагазин
Македонија

ДИК ги одби сите шест приговори на Левица

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги одби сите шест приговори на Левица поради тоа што партијата во прилог не доставила материјални докази.

Претставникот на Левица рече дека се свесни за својот пропуст со немање докази, но дека сепак како помала партија без многу ресурси не можат да ги обучат своите кадри и набљудувачи, но сакаат да укажат на неправилности.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски рече дека тие мораат да работат согласно Изборниот законик.

Левица имаше поднесено шест приговори од кои четири за Штип и два за Кисела Вода.

Отфрлен е и приговорот на партијата Твоја поради тоа што е поднесен по рокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК го отфрли барањето на АА и Алтернатива за поништување на гласањето на избирачко место во Дебар

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради измените на КЗ никој нема да одговара за прислушувањето, трошоците и за тие што прислушувале и за прислушуваните ќе ги платат граѓаните, вели Ристовска

Редакција

Од молк до дејствување: Поголемо вклучување на граѓаните и зајакната соработка за поефикасна борба против корупцијата

Редакција

Филипче: Најостро го осудувам нападот на лекарот на Клиниката за токсикологија

Редакција