Процентот на избирачи кои гласале во изборните места од кои пристигнале податоци до 18:00 часот е 49,29, информираше на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
За овие избори, посочи Даштевски, ДИК е подготвена со соодветна инфраструктура за најбрз прием на резултатите од изборите и тие за првпат во историјата ќе бидат внесени директно од избирачките места и ќе бидат достапни за јавноста на веб страницата за резултати.
– Што се однесува до излезноста на 2.785 избирачки места процентот е 79,25. Вкупен број на запишани избирачи на тие места е 1.415.409, вкупен број на избирачи кои гласале на тие места од кои пристигнале податоци е 697.637, а процентот на избирачи кои гласале во изборните места од кои пристигнале податоци е 49,29.
Морам да спомнам дека за овие избори имавме термални принтери така што може овој резултат да е 5-6 отсто повисок во зависност од тоа колку гласачи ставиле на страна од отпечаток на прст во графата од избирачкиот список, изјави Даштевски.
По општини, информираше Даштевски излезноста е: Аеродром – 49,23%, Арачиново – 49,14%, Берово 57,28%, Битола – 53,87%, Богданци – 58,81%, Боговиње – 35,86%, Босилово – 56,65%, Брвеница – 31,77%, Бутел – 48,88%, Валандово – 63,59%, Василево – 58,49%, Вевчани – 73,24%, Велес – 51,43%, Виница – 51,84%, Врапчиште – 34,81%, Гази Баба – 44,46%, Гевгелија – 63,12%, Ѓорче Петров – 48,66%, Гостивар – 39,35%, Градско – 66,41%, Дебар – 39,15%, Дебарца – 62,51%, Делчево – 56,05%, Демир Капија – 70,57%, Демир Хисар – 70,89%, Дојран – 73,50%, Долнени – 58,63%, Желино – 36,42%, Зелениково – 56,99%, Зрновци – 35,17%, Илинден – 60,54%, Јегуновце – 44,68%, Кавадарци – 62,73%, Карбинци – 71,46%, Карпош – 49,51%, Кисела Вода – 49,44%, Кичево – 41,93%, Конче – 72,46%, Кочани – 47,10%, Кратово – 57,79%, Крива Паланка – 65,51%, Кривогаштани – 70,20%, Крушево – 68,77%, Куманово – 47,37%, Липково – 35,70%, Лозово – 76,59%, Маврово-Ростуше – 31 отсто%, Македонска Каменица – 56,64%, Македонски брод – 73,29%, Могила – 66,71%, Неготино – 68,37 %, Шуто Оризари – 33,19%, итн.
– Ова се релативно големи проценти, освен последниот што до крајот на гласањето очекуваме уште неколку проценти да се зголеми, бидејќи ова се резултатите до 18:00 часот, значи ќе премине над 50 отсто, од прилика ќе дојде уште неколку проценти повеќе, изјави Даштевски.
Државната изборна комисија, исто така, повика на воздржаност од политички активности до 19:30 часот, со цел затекнатите граѓани на избирачките места да можат да го остварат своето право на глас.
– Во согласно со Изборнот законик гласањето завршува во 19 часот. Во врска со гласањето каде се затекнати гласачи пред објектот ДИК смета дека е добро да се излезе во пресрет на гласачите и затоа повикуваме до 19.30 часот да се воздржат од активности партиите, медиумите и сите други.
ДИК смета дека ова е најдобро решение, информираше на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
МИА/Фото: МИА