Вкупната досегашна исплатена сума од Државната изборна комисија (ДИК) на медиумите за извршено платено медиумско рекламирање од страна на кандидатите за претседател на Републиката и кандидатите за градоначалници изнесува 3.768.794 евра, соопшти ДИК.
„За претседателски избори 2019 година е исплатена сума во износ од 219.596.294 денари, а за предвремените локални избори 2019 година сума во износ од 12.184.600 денари, односно вкупно 231.780.844 денари“, соопшти ДИК.
Фото: ССК
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.