еМагазин
Image default
Македонија

Димитров и Османи во Берлин на разговори со Захариева со посредство на Маас и Рот

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Од Владата за МИА потврдија дека Димитров и Османи биле поканети од министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин.

Разговорите во германскиот главен град се во функција да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.

-Целта на состанокот е да се разгледаат можностите за решенија во рамки на Договорот за пријателство за да имаме заедничко успешно претседавање со Берлинскиот процс за Западен Балкан и заеднички успех во однос на процесот на ЕУ интеграции, појаснуваат од Владата за МИА.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 421 случаи на Ковид-19, во Скопје 211

Редакција

МВР со детали за сообраќајката на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски

Редакција

За звучни имиња Панчевски одлучувал кај кои судии ќе одат, сведочеше службеничка од Кривичен

Редакција