Поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, како одговор за обвинувањата дека молчел додека бил функционер на неговиот Фејсбук-профил, објави колаж од наслови и извадоци во медиуми, со наслов како „молчев“.
„Колаж со наслов – Како „молчев“? Потценувањето на јавноста и играта на картата дека граѓаните помнат како златни рипки се застрашувачки за една демократија.
Пет минути на интернет се доволни за да се види „молкот“ во јавноста. Замислете колку сум „молчел“ зад завеси…
Сакам да ги разбијам и затворам тие тези. Веќе нема да коментирам лични напади врз мене. Како вели Сократ – кога ќе ја изгубат дебатата, навредите се алатка на губитниците.
Преважно е ова прашање за да дозволиме дефокус и манипулација,“ пишува Димитров.
Фото: Влада